Казна до три години

Во Германија со затвор ќе се казнува уништувањето на знамето на ЕУ

Обидот за оштетување е исто така казнив.

Фото: ЕПА

Сквернавењето или уништувањето на знамето или химната на Европската Унија во иднина во Германија ќе биде казниво, одлучи Бундесратот, горниот дом на германскиот парламент.

Кој во иднина ќе уништи, ќе оштети или ќе го направи непрепознатливо знамето на Европската Унија, ќе биде казнет со парична казна или со затвор до три години. Обидот за оштетување е исто така казнив.

Иницијативата знамињата на Европската Унија да се стават на списокот на симболи чие уништување е казниво, во кои спаѓаат и германските, но и симболите на други земји, доаѓа од сојузната провинција Саксонија, каде што знамето на Европската Унија неколку пати беше запалено за време на десничарските протести.

За време на дебатата во Бундестагот на заштитата на знамето на Европската Унија се спротивстави национално-десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која ја опиша Европската Унија како „бирократско чудовиште“ што ја „ограничува моќта на националните парламенти“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе