Во Германија сѐ повеќе злосторства поврзани со екстремните десничари

Германија минатата година забележа пораст на бројот на кривичните дела со екстремно десничарска заднина, се дознава од податоците кои денес ги објави министерството за внатрешни работи.

„Во 2019 година се забележани 22.337 кривични дела кај кои е утврдена радикално десна политичка заднина, што е околу 2.000 повеќе од претходната година“, се наведува во одговорот на министерството за внатрешни работи на Германија на прашањето на пратеничката на Зелените Ирена Михалиќ.

Повеќе од половина од овие кривични дела се однесуваат на ширење на забранета пропаганда или ширење расна, верска или етничка омраза. Околу 1.000 кривични дела со радикално десна заднина се однесуваат на насилни деликти, делумно со смртни последици.

Извештајот на службата за пријава на политички мотивирани кривични дела сведочи за пораст на бројот на кривични дела со антисемитска позадина. Така во 2019 се забележани 2.032 дела насочени против Евреите во Германија, што е пораст во однос на 2018, кога се извршени 1.799 кривични дела со антисемитска заднина.

Минатата година беше извршен и терористичкиот напад врз синагогата во Хале во кој беа убиени две лица.

Официјалните бројки за политички мотивираните кривични дела ќе бидат објавени во мај.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе