Во Германија се укинува солидарниот данок за обнова на поранешна Источна Германија

Германската влада вчера одлучи за најголем дел даночни обврзници да го укине плаќањето на таканаречениот солидарен данок, кој беше воведен по обединувањето на двете германски држави како поддршка за економското заздравување на поранешна Источна Германија.

„Трошоците за обединувањето се главно покриени. Затоа денес можеме да го придвижиме механизмот што ќе доведе до тоа од 2021 година најголемиот дел даночни обврзници повеќе да не мора да го плаќаат солидарниот данок“, кажа министерот за финансии и вицеканцелар Олаф Шолц.

Нацрт-законот предвидува постепено укинување на солидарниот данок од 2021 година за 90 отсто од сите даночни обврзници. Други 6,5 отсто би плаќале намалена стапка, а само 3,5 отсто, односно оние со најголеми примања од над 74.000 евра бруто годишно би го плаќале солидарниот данок во ист обем како досега.

Солидарниот данок беше воведен во 1991 година за да се финансира обновата на инфраструктурата и економијата на истокот на земјата. Најпрво тој данок изнесуваше 7,5 отсто, а во 1995 година беше намален на 5,5 отсто.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе