Во Германија се самоуби покраински министер за финансии поради финансиската криза од коронавирусот

Министерот за финансии на германската покраина Хесен Томас Шејфер изврши самоубиство, а премиерот на германската сојузна покраина претпоставува дека причината се финансиските тешкотии предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

„Тргнуваме од тоа дека Шејфер беше многу загрижен дали ќе успее да ги исполни големите очекувања на граѓаните околу исполнувањето на обврските за финансиска помош“ поради кризата со коронавирусот, изјави премиерот на Хесен Волкер Буфие.

Во обраќањето до јавноста тој кажа дека Шејфер бил очаен поради финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

„Тој до последниот момент деноноќно работеше на тоа оваа криза финансиски и организациски да ја стави под контрола. Морам да тргнам од тоа дека тие грижи го скршија“, кажа Буфие.

Томас Шејфер (Христијанско-демократска унија, ЦДУ) бил пронајден мртов синоќа на железничка пруга во близина на Франкфурт. Полицијата засега истрагата ја води како самоубиство, а весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг јави дека Шејфер оставил и проштално писмо.

Педесет и четиригодишниот Шејфер, оженет и татко на две деца, беше сметан за евентуален наследник на Буфие на челото на ЦДУ за покраината Хесен.

Шок поради смртта на регионалниот министер изрази и претседателката на ЦДУ Анегрет Крамп Каренбауер.

„Веста за смртта на Томас Шејфер нѐ шокираше сите. Јас сум без зборови“, изјави Крамп Каренбауер.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе