Во Германија, сè повеќе политички мотивирано насилство, повеќето извршени од екстремната десница

Во Германија, минатата година е забележано значително зголемување на кривичните дела со политичка позадина, а како главна причина се наведува поларизацијата поради борбата против пандемијата на коронавирусот и справувањето со коронакризата, соопштено е денес.

Фото: ЕПА

„Постои јасна тенденција која оди во правец на поларизација и заострување на дискурсот“, рече министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за време на презентацијата на годишната статистика.

Вкупно 44.692 кривични дела со политичка позадина биле забележани во 2020 година, што е највисоко од воведувањето на статистиката во 2001 година.

Бројот на политички мотивирани насилни кривични дела, во споредба со 2019 година, се зголеми за 18,8 проценти. Повеќе од половина од овие дела се мотивирани од крајно десничарска идеологија.

Зехофер објасни дека низата протести против владините мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот, исто така, придонеле за пораст на политичките кривични дела.

„Овде забележуваме нови коалиции помеѓу обични демонстранти и екстремисти. Насилниот потенцијал особено се чувствува на големи протести“, рече Зехофер.

Тој особено посочи дека бројот на напади врз претставници на медиумите бил особено голем за време на овие протести.

Претседателот на Федералната канцеларија за борба против криминалот Холгер Муенч на заедничката прес-конференција со Зехофер изјави дека статистиката го одразува размерот на социјалните тензии и растечката радикализација на делови од населението.

Организацијата за борба против расизмот Фондацијата Амадеу Антонио смета дека од протестите против корона-мерките произлегува голем радикално десен потенцијал.

„Прашање на време е кога од оние кои го негираат постоењето на коронавирусот ќе се формираат терористички ќелии“, предупреди директорот на оваа фондација, Тимо Реинфранк.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе