Во Германија пристигнуваат 50 деца бегалци од кампот Морија

Првите 50 од 150 малолетни бегалци без придружба од уништениот бегалски камп Морија на грчкиот остров Лезбос треба да патуваат во Германија до крајот на неделава, соопшти во неделата германското Министерство за внатрешни работи.

EPA-EFE/VANGELIS PAPANTONIS

Со истата група се очекува во Германија да патуваат уште дваесетина деца на кои им е потребна медицинска помош, заедно со членовите на потесното семејство. Групата не треба да се состои од повеќе од 140 лица.

Според планот, тие треба да пристигнат во Германија во среда.

Бегалскиот камп на Лезбос изгоре речсиси целосно на почетокот на септември, а неколкуте илјади бегалци оставени на островот сè уште се без засолниште.

Околу 400 малолетници без придружба по пожарот биле пренесени на копнениот дел од Грција. Властите веруваат дека пожарот го подметнале мигранти кои живеат во кампот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/VANGELIS PAPANTONIS

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе