Новиот сој на короната и во Европа

Во Германија научниците бараат драстични мерки и тоа од следната недела

Светската здравствена организација (СЗО) новиот сој на коронавирусот Б.1.1.529, наречен омикрон, за првпат откриен во Јужна Африка, вчера го класифицираше како „загрижувачки“. Здравствените органи на Европската Унија исто така го оценија омикрон како загрижувачки. Оваа класификација е сигнал дека варијантата е позаразен или води до тешки облици на болеста.

EPA-EFE

Новиот сој досега е потврден во Белгија, Хонг Конг, Израел и Британија. Во Чешка се сомневаат на едно лице кое било во Намибија.

Во моментов постои основан сомнеж дека првиот случај се појавил и во Германија. Лицето примило две вакцини, значи целосно е имунизирано. Допатувало на 21 ноември од Јужна Африка преку аеродромот во Франкфурт и по неколку дена добило симптоми.

Министерот за социјални прашања на Хесен и пратеник во Бундестагот Каи Клозе објави на Твитер дека постои „високо ниво на сомнеж“ од зараза со новата варијанта на вирусот. Кај лицето се најдени „неколку мутации типични за омикрон“, и тоа е изолирано дома. Комплетното секвенционирање на материјалите ќе потрае неколку дена.

Германските академици бараат драстични мерки

Германската академија за науки Леполдина апелираше на задолжителна вакцинација и ограничување на контактите поради драматичниот пораст на корона инфекциите.

Невакцинираните мора да бидат мотивирани или присилени да се вакцинираат – се наведува во објавениот апел на научниците: „Тоа е единствениот начин граѓаните на нашето општество да се спасат од понатамошни погубни последици“.

Научниците се залагаат за ограничување на слободите како постепено воведување на задолжителна вакцинација и подраматично ограничување на контактите – бидејќи тоа е очигледно во согласност со ставот кој од добри причини го дели поголемиот дел од населението, се наведува во соопштението.

„Од медицинска и епидемиолошка гледна точка, веднаш ќе биде ефикасно значително намалување на бројот на контактите на неколку недели, а од почетокот на следната недела“, тврдат авторите.

Поради опаѓањето на имунитетот, овие мерки би можеле привремено да се применуваат на сите – и вакцинираните и прележаните лица – кои за тоа време би морале да добијат дополнителна вакцина.

Потписниците на апелот повикаа до Божиќ покрај првата и втората вакцинација да се овозможат и 30 милиони дополнителни вакцинации.

За да се вакцинираат што повеќе луѓе, во вакцинацијата би можеле да се вклучат и други групи медицински експерти – како аптекарите, стоматолозите, медицинските сестри и акушерките. За тоа делумно ќе биде потребна техничка и логистичка поддршка од војската, организацијата за техничка помош и други признати приватни организации за помош при катастрофи. Во моментов во Германија за вакцинацијата се ангажирани околу 100.000 лекари.

Училиштата и градинките да останат отворени

Имајќи ги предвид децата и младите, Леополдина препорачува рани божиќни празници и редовни корона тестови најмалку три пати неделно. Наставниците и учениците од сите одделенија треба да носат маски за време на целиот престој во училиштата.

„Прекинување на задолжителното присуство во училиштата, наизменичната настава, како и затворање на градинките треба да се избегнува колку што е тоа можно“.

Нема да може без карантин

Генералниот директор на Германското здружение на градови и комуни, Герд Ландсберг, се изјасни за откажување на големите манифестации и затворање особено во погодените подрачја.

„Во деловите од Германија со исклучително високи бројки на инциденција нема да може без затворање. Меѓутоа, недостига неопходната правна основа“.

Ова значи дека идната владејачка коалиција СПД, Зелени и ФДП пред божиќните празници треба во Бундестагот да ја врати вонредната состојба поради епидемијата за да се реализираат неопходните мерки за акција.

Кандидатот на СПД за канцелар Олаф Шолц исто така се изјасни за доследна акција поради драматичното влошување на ситуацијата. „Ќе биде направено сè што мора да се направи. Не постои ништо што не доаѓа предвид“, кажа тој.

Шолц веќе најави дека ќе биде формиран кризен штаб. Во моментов има тесна соработка на поранешната и идната влада, истакна тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе