Во Германија годинава воопшто немало бран на грип

Во Германија годинава немало бран на грип, соопшти денеска државниот епидемиолошки институт Роберт Кох.

Фото: ЕПА

„Оваа сезона бранот на грип во целост изостана“, соопшти Институтот Роберт Кох. Како што понатаму беше кажано, само 519 случаи на инфекција со грип се регистрирани од почетокот на есента.

Во исто време минатата година, во Германија биле регистрирани 184.000 случаи на заболени со класичен грип.

„Ова не ги исполнува условите за почеток на бранот на грип“, рече портпаролката на институтот. Ова е прв пат да не се зборува за бран на грип од 1992 година, кога започна годишното набљудување на ширењето на заболувањето со вирус на грип.

Оваа година потврдени се 13 смртни случаи поврзани со грип. За време на силниот бран на грип во сезоната 2017/2018 забележани се 1.700 случаи, но се претпоставува дека вистинскиот број на смртни случаи во таа сезона поврзани со грип надминува 25.000.

Институтот Роберт Кох го поврзува отсуството на бран на грип со мерките за борба против пандемијата на коронавирусот, како што се обврската за носење маски, одржување дистанца и општи хигиенски мерки и честа вентилација на затворени простори.

Исто така, на почетокот на сезоната, многу повеќе граѓани биле вакцинирани против грип отколку што било случај во претходните години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе