„Во Франција владее ИСИС“, викал маж со нож во париското метро, полицијата го застрелала

Полицајците на француската станица Сен Лазар, наводно, застрелале маж со нож, кој трчал кон персоналот извикувајќи: „Алаху акбар! Со Франција управува Исламска држава“, откако од него рутински било побарано да ги почитува безбедносните протоколи поради ковид-19.

Фото: ЕПА

Мажот бил застрелан во понеделникот вечерта, откако со нож му се заканувал на персоналот на станицата, при што еден полицаец е тешко повреден, според француската БФМТВ.

Според француските медиуми, тој и претходно ѝ бил познат на полицијата, бидејќи извршил насилни дејства, но не им бил познат на разузнавачките служби ниту се сметал за терористичка закана пред инцидентот.

Откако првично бил запрен затоа што не носел маска во согласност со безбедносните мерки против ковид, тој, наводно, станал агресивен кон персоналот, па извадил нож и потрчал кон обезбедувачите, врескајќи: „Алаху акбар! Со Франција владее Исламска држава“.

И покрај тоа што успеал да повреди еден полицаец, напаѓачот брзо бил застрелан двапати и паднал на шините. Тој потоа бил итно пренесен во болница, каде што се верува дека е подложен на лекување.

„Двајцата агенти го употребија службеното оружје за да се одбранат и да го неутрализираат. Повреденото лице е згрижено од службите за итни случаи“, објавија француските медиуми, повикувајќи се на соопштение за печатот од операторот со железничката мрежа на земјата.

Покрената е истрага за инцидентот од страна на париското обвинителство и судската полиција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе