Во Франција се отвораат училиштата, наставниците и децата постари од 11 години мора да носат маски

Училиштата по летните одмори во Франција се отворени со задолжително носење на маски за наставниците и децата од 11 и повеќе години.

EPA-EFE/GUILLAUME SOUVANT

Министерот за образование Жан-Мишел Бланкер за телевизијата БФМ изјави дека сите деца треба да посетуваат настава во живо, ако немаат добра причина да отсуствуваат од училиште, додека родителите не треба да се плашат.

По карантинот, кој траеше од средината на март до средината на мај, Франција постепено ги отвори сите училишта во последната недела пред летните одмори.

Франција е една од најтешко погодените земји во Европа со коронавирус, со повеќе од 30.000 мртви.

Бројот на заразени расте во последните неколку недели, а минатата недела се регистрирани повеќе од 5.000 новозаразени дневно.

Во првите три недели од јули имало помалку од илјада заразени на ден.

Бланкер наведува дека сите училишта се подготвени за отворање, но министерството има планови за онлајн настава доколку се воведе карантин во најтешко погодените области.

„Образованието е можност, тоа нè обединува“, напиша претседателот Емануел Макрон на Твитер.

„Новата учебна година има многу предизвици, но барем сме повторно заедно“, додаде тој.

Ле Паризиен разговарал со тројца браќа ученици, кои наведоа дека периодот поминат во карантин со онлајн настава без пријатели траел предолго.

„Веќе шест месеци не сме ги виделе нашите пријатели“, рече момчето Матју за Ле Паризиен.

Десетици милиони ученици се вратија денес на училиште покрај Франција, во Полска и Русија, со ранци полни со книги, но и со маски за лице за заштита од повторна пандемија на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/GUILLAUME SOUVANT

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе