Владата спомнува четврт бран на вирусот

Во Франција санитарна пропусница е задолжителна на местата на култура, забава и спорт

Французите од сега за заминување во кино, театар, музеј или на спортски настани мора да покажат санитарна пропусница, односно доказ дека се вакцинирани против коронавирусот, го прележале вирусот, или да покажат негативен тест, бидејќи во земјата пустоши делта сојот.

EPA-EFE

Францускиот министер за здравје Оливие Веран изјави дека дневно има по 18.000 заразени со коронавирусот.

Владата спомнува четврт бран на коронавирусот, а носењето маска од сега е задолжително во неколку туристички зони.

Претседателот на Федерацијата на кино-сали Ришар Патри изјави дека мерката ќе биде „незгодна“ за поголемите кино-сали кои ќе примаат до 1.000 луѓе, бидејќи гледачите пристигнуваат 15 до 20 минути пред почетокот, а за секој посетител е потребно околу 25 секунди за преглед на документите.

Управата на Ајфеловата кула воведе мерка на тестови пред посетата доколку посетителите немаат санитарна пропусница. Тестовите се бесплатни за Французите, но странците мора да ги платат.

Според официјалните податоци, 56,6 отсто од населението примиле една доза од вакцината, додека 46,4 отсто ги примиле двете дози.

Од почетокот на епидемијата во Франција, во која живеат повеќе од 67 милиони луѓе, од коронавирусот починале 111.554 лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе