Коронавирусот дојде во Европа

Во Франција потврдени два случаи на смртоносниот вирус од Кина

Францускиот министер рече дека двајца пациенти во Бордо и во Париз се првите потврдени случаи во Европа.

Франција соопшти дека се појавиле првите потврдени случаи на смртоносниот коронавирус од Вухан, во изјава на министерката за здравство.

Говорејќи за француските медиуми, Ањез Бузин рече дека еден случај на вирусот е потврден во Бордо, додека вториот е пронајден во близина на Париз.

Министерката, која рече дека обете заболени лица патувале во Кина, додаде дека очекува да се појават уште случаи во границите на Франција.

„Имаме два случаи“, рече таа. „Веројатно ќе имаме други случаи“.

Претходно беше најдена жена што допатувала во Франција од Вухан откако тврдеше дека испила лекови за да ги маскира потенцијалните симптоми на смртоносниот вирус на аеродромот, според надлежните.

Заболената Јан на кинеските социјални медиуми објави дека „земала антипиретици и успеала да ги помине проверките на аеродромот и да влезе на француска територија“, откако добила симптоми на треска и кашлица.

„Кинескиот амбасадор доби повици и мејлови од неколку кинески државјани“ за постот и ја контактираше жената за да ѝ каже веднаш да им се јави на службите за итни случаи, според портпаролот на амбасадата на Пекинг во Париз.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе