Во Франција и Италија спасувачите трагаат по исчезнатите по големите поплави и невреме (ВИДЕО)

Спасувачките служби помогнати од полицијата ги засилија денес напорите да ги најдат исчезнатите и да им помогнат на загрозените во големите поплави кои од светот отсекоа повеќе села на југоистокот на Франција и однесоа два животи во соседна Италија.

EPA-EFE

Француските власти распоредија 1.000 пожарникати, четири воени хеликоптери и војници денес во потрагата по најмалку осум исчезнати во југоисточниот планински регион на границата со Италија по големите поплави.

Шефот на францускиот регион Ал Маритим Бернат Гонзалез кажа дека проживуваат нешто невообичаено и дека се навикнати да гледаат такви настани на други континенти, а не кај себе. Изрази загриженост што и за денес се најавува повторно лошо време.

Возила превртени во речно корито, куќи покриени со кал, и уништеното место Бреј сир Роја се покажаа денес откако конечно беше пробиен патот до него во близина на италијанската граница.

Во целата област во околината на Ница, како и на северот на соседна Италија патиштата се разурнати а десетици куќи однесени од надојдената вода.

Италијанските региони Пиемонт и Лигурија побараа од италијанската влада да прогласи вонредна состојба. Во Франција државата почна процедура за природна катастрофа.

Во алпската долина Аоста бројни места и денес се непристапни, два дена по обилните дождови и поплави во кои две лица исчезнаа, вклучувајќи и еден пожарникар, и двајца исчезнаа од италијанска страна и најмалку девет во Франција.

Градоначалникот на Ница Кристијан Естроси кажа дека преку 100 куќи се уништени или тешко оштетени.

Спасувачите им носат итна помош, вклучувајќи храна и вода, на луѓето кои живеат во отсечените села.

Францускиот премиер Жан Кастекс кој денес со хеликоптер ја прелета загрозената област изрази „голема загриженост“ околу конечниот биланс на поплавите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе