Во Франција е отворен камп за обука на климатски активисти (ВИДЕО)

Климатските активисти се собираат во Бијариц во Франција пред самитот на седумте индустриски најразвиени земји во светот (Г7), кој ќе се одржи викендов. Собраните активисти по обуката во кампот сигурно ќе знаат што треба да прават, пишува Би-би-си.

Еколошките групи како АНВ, Алтернатива и Пријатели на Земјата организираа заеднички камп за повеќе од 1.000 активисти за да ги подучат на различните начини ненасилно протестирање. Така во кампот учат како ефикасно да ја блокираат полицијата и да одговорат на апсењата.

Би-би-си го поставува етичкото прашање за исправноста на подучувањето на граѓаните за граѓанска непослушност. 21-годишната Леа Вавасо, координаторка на една од активистичките групи, вели: „Дојдовме до точна во која нашите политички лидери се неодговорни. Да не се води сметка за климата е неодговорно. Затоа ние ја преземаме одговорноста“.

Некои од активностите кои активистите ги спроведуваат не се легални, поради што клучните активисти се соочуваат со судење поради кражби на претседателски портрети. Феликс Веве, исто така активист, додава дека има сѐ повеќе заинтересирани за ваков вид обука.

Кристоф Рогет (од полициската единица СЦСИ) смета дека полицијата е стигматизирана од екстремните левичарски групи. Постои стравување дека на протестите би можело да дојде до сериозни судири.

Камповите за обука објаснуваат дека нивните тактики не се насилни, но дека ќе се приспособат на полициските методи при што нивниот одговор ќе зависи пред сѐ од полицијата. Така што тактиките на полицијата и на активистите очигледно се флексибилни и променливи.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе