Во Франција 10 милиони луѓе примија прва доза вакцина

Во Франција, повеќе од 10 милиони луѓе ја примија првата доза на вакцината против ковид-19, со што една недела порано од планираното е постигната целта на владата околу бројот на вакцинирани, рече премиерот Жан Кастекс.

Фото: ЕПА

Франција се надева дека зајакнувањето на кампањата за вакцинација и едномесечното затворање во земјата воведено минатиот викенд ќе помогнат во преземањето на контрола над најновиот бран на пандемијата.

Ситуацијата во француските болници е „сериозна“, но има индикации за подобрување по воведувањето на затворањето, објави Министерството за здравство.

Во моментов, рекорден број на заболени со ковид-19 се наоѓаат на интензивна нега, и бројот може да порасне уште повеќе во наредните денови. Министерството објави дека во средата, 5.729 заболени биле на одделенијата за интензивна нега низ целата земја, што е најголем број во 2021 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе