Во Европа се запленети рекордни 23 тони кокаин вреден милијарди евра (ВИДЕО)

Цариници во Германија и Белгија заплениле рекордни 23 тони кокаин кој бил наменет за продавање во Холандија, јави Би-би-си.

EPA-EFE

Германските власти откриле 16 тони во пет бродски контејнери кои на почетокот на месецот пристигнале во пристаништето Хамбург од Парагвај. Веднаш е информирана полицијата во Холандија, а во белгиското пристаниште Антверпен се запленети уште 7,2 тони кокаин.

Германските власти соопштија дека уличната вредност на кокаинот се мери во милијарди евра.

Во Антверпен дрогата била скриена во резервоар наполнет со дрвени блокови од Панама.

Кокаинот најден во Хамбург бил скриен во лименки во кои се наоѓала маса која се користи за пополнување пукнатини во ѕидови.

Во Холандија е уапсен 28-годишник осомничен за вмешаност во продавањето на рекордното количество кокаин, соопшти полицијата. Холандските медиуми јавија дека станува збор за холандски државјанин идентификуван како Атиф С.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе