Во експлозијата во Париз, три жртви, девет во критична состојба (ФОТО)

Во големата експлозија во Париз загинаа три лица, меѓу кои и двајца пожарникари и една туристка од Шпанија, а повредени се околу 50 лица, Франс прес.

Меѓу повредените, девет лица се во тешка состојба, соопштија локалните власти, додавајќи дека експлозијата ја предизвикало протекување на гас во една зграда каде што во приземјето се наоѓале пекарница и мал ресторан.

Експлозијата се случи утринава во пекарницата во улицата Тревизе во деветтиот округ, а како што се верува е предизвикана од истекување на гас.

Од силната експлозија се распукале прозорците на околните продавници, а пекарата е целосно изгорела.

Местото на експлозија е во близина на театарот Фоли Бержер и реонот каде што се наоѓа стоковната куќа Галери Лафајет.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастене изјави дека „ситуацијата сега е под контрола“.

Ројтерс објави дека по експлозијата следел пожар, а таа била толку силна што ја разнесла пекарата, но и стаклата на зградите и објектите одалечени стотици метри.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе