Во експлозија во близина на училиште во Кабул најмалку 40 мртви, 52 повредени

Во експлозија во близина на училиште во авганистанскиот главен град Кабул, загинаа најмалку 40 лица, а десетици се повредени, соопшти локалното министерство за внатрешни работи.

EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан рече дека најмалку 52 лица, претежно ученици, биле повредени во експлозијата. Тој не ги наведе причините или целта на експлозијата.

Портпаролот на Министерството за здравство, Гулам Дастагир Назари изјави дека досега биле хоспитализирани 46 лица.

Кабул е во состојба на висока готовност откако Вашингтон во април ги објави плановите за повлекување на сите американски војници од Авганистан до 11 септември, додека авганистанските власти соопштија дека талибанците ги засилиле нападите низ целата земја.

Ниту една група не презеде одговорност за експлозијата во саботата.

Експлозијата се случи во западниот дел на Кабул, каде претежно живеат шиитски муслимани, кои милитантите на Исламската држава во последните години често ги напаѓале.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе