Во експлозија на бомба на пат во Авганистан загинаа најмалку 34 цивили

Најмалку 34 цивили загинаа во Авганистан кога автобус налетал на бомба во авганистанската провинција Фарах на западот на земјата, соопштија властите.

Најмалку 17 лица се повредени во експлозијата околу 5 часот по локално време на автопатот Херат-Кандахар во областа Бала Булук, изјави портпаролот на гувернерот на соседен Херат.

Информацијата ја потврди и портпаролот на полицијата во Фарах, кој рече дека голем број повредени се пренесени во болниците во Херат, додека други се пренесени во градот Фарах.

Милитантите честопати поставуваат бомби на патиштата за да го спречат напредокот на авганистанските сили, но често се убивани цивили.

Дваесет проценти од сите цивилни жртви во земјата во првата половина од годинава биле убиени со импровизирани експлозивни направи, се вели во извештајот на Мисијата на ООН за Авганистан објавен во вторникот.

Во Авганистан, секој ден во борбите смртно страдаат десетици припадници на авганистанските безбедносни сили и талибански милитанти додека продолжуваат преговорите, при што повеќе од 200.000 цивили морале да ги напуштат своите домови од почетокот на годинава.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе