Во Египет откриена раскошна гробница стара 4.400 години со спектакуларни цртежи (ВИДЕО)

Египетските археолози откриле неверојатно подробна и украсена гробница во провинцијата Гиза.

Гробницата стара 4.400 години му припаѓала на благородник од Петтата династија наречен „Куву“.

Одаите на гробницата во облик на L содржат натписи и шарени релјефи што се толку добро зачувани што експертите што ја ископале локацијата биле во можност да ги препознаат отпечатоците од сликарот на гробницата.

Самата гробница е направена главно од бели варовнички блокови, додека прекрасните слики во неа биле создадени со посебна зелена смола, според египетското министерство за антиквитети.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе