Претпоставката е дека мажот се вакцинирал за пари наместо други кои сакале да ги добијат привилегиите од потврдата за вакцинација, но не и да се вакцинираат, а Министерството за здравство на Нов Зеланд сериозно ја сфатило ситуацијата, пишува порталот Стаф.
Менаџерката на програмата за вакцини на Министерството за здравство на Нов Зеланд Астрид Корниф рече дека официјалните лица се „свесни за проблемот“ и го сфатиле „многу сериозно“.
„Многу сме загрижени за оваа ситуација и работиме со надлежните агенции“, рече Корниф, нагласувајќи дека неточниот статус на вакцинација во иднина ги загрозува не само поединците, туку и нивните пријатели, роднини и пошироката заедница.
Ако познавате некој кој примил повеќе вакцини од препорачаните, тоа лице треба да побара клинички совет што е можно поскоро, препорача Астрид Корниф.
Околу 89 отсто од населението на Нов Зеланд е целосно вакцинирано со две дози, а во таа островска земја со околу пет милиони жители, од почетокот на пандемијата се пријавени околу 12.500 случаи на заразени и вкупно 46 смртни случаи.