Германија

Во Дрезден се отвора посебен објект за оние кои не сакаат во карантин (ВИДЕО)

Во Саксонија, сојузната држава на истокот на Германија, властите отвораат објект за прифаќање на оние кои не сакаат да бидат во карантин.

Screenshot

Како што најави тамошното министерство за внатрешни работи, во регионот на Дрезден се планира објект во кој ќе бидат сместени поединците кои се против карантинот.

Владата размислувала за сместување на таквите поединци во болница, меѓутоа сите капацитети се потребни поради епидемијата.

Конкретниот објект во Дрезден е изграден во 2016 година како прифатен оддел за барателите на азил, меѓутоа сè уште не е користен во таа цел.

Засега не се знае кој ќе биде сместен во објектот. Според полицијата, во моментов не се знае колку луѓе може да бидат сместени во објектот и најави повеќе информации во понеделник по инспекцијата.

Идејата за присилна изолација на поединците кои ќе го одбијат карантинот не е нова. Министерката за здравство Петра Кепинг (СПД) уште пролетта 2020 година даде до знаење дека таа мерка е можна. Сепак, во краен случај станува збор за потег кој бара и судска одлука.

„Во пракса, надлежниот здравствен оддел прво воспоставува карантин. Потоа следи итно предупредување и, ако постои понатамошен отпор – парична казна. Дури потоа следат правните постапки“, изјави Кепинг.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе