Според генерал на иранската Републиканска гарда

Во дострел на Иран се 35 американски и израелски „цели“, меѓу кои и Тел Авив

Иран ќе ги казни Американците насекаде каде што се наоѓаат во дострелот на Исламската Република за да се одмазди за убиството на генералот Касем Сулејмани, изјави еден од командантите на иранската Револуционерна гарда, генералот Голамали Абухамзех, пренесува иранската новинска агенција Тасним.

Генералот Абухамзех, командант на Републиканската гарда во јужната иранска провинција Керман, ја отвори можноста за евентуални напади врз бродовите во Персискиот Залив, пренесува Ројтерс.

„Иран го резервира правото да им се одмазди на САД за смртта на Сулејмани“, додаде генералот.

„Ормускиот теснец е витална точка за западот и голем број американски разурнувачи и воени бродови минуваат тука“, порача Абухамзех.

Тој додаде дека Иран неодамна ги одредил виталните американски и израелски цели во регионот.

„Околу 35 од нив ни се во дострел, вклучувајќи го Тел Авив“, заклучи генералот на Револуционерната гарда.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе