Во директен судир на возови во Бангладеш 16 мртви, 40 повредени

Спасувачите во Бангладеш ги извлекуваа патниците од искривените остатоци на возовите кои директно се судрија еден со друг при што загинаа најмалку 16 лица, а повредени се повеќе од 40, соопштија официјални лица, пренесе Ројтерс.

Едниот воз се движел кон јужниот пристанишен град Читагонг, а другиот кон Дака кога околу 3 часот наутро се судриле во Брахманбарија, на околу 100 км источно од главниот град, при што се уништени три вагони од возот што се движел на југ.

Премиерот Шеик Хасина изрази шок и тага за повредените и загубените животи, повикувајќи ги официјалните лица и јавноста да им дадат поддршка на жртвите.

Не е веднаш јасно како двата воза се нашле на иста патека, а владата нареди истрага.

„Еден од возовите се оглушил на сигналот, што доведе до трагедија“, изјави пред новинарите претставник на полицијата Шајамал Канти Дас.

Железничките несреќи во Бангладеш се случуваат релативно често, најчесто поради премини без надзор, а исто така и заради лошата состојба на патеките.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе