Во Црно Море се преврте брод со 15.000 овци (ВИДЕО)

Големиот товарен брод „Квин хинд“, кој превезувал 15.000 овци, се преврте во Црното Море кај брегот на Романија.

Во спасувачката акција учествувале полицијата, морнарицата и пожарникарите.

Дел од овците биле најдени како пливаат околу бродот, а се стравува дека голем дел се удавиле.

Бродот долг 85 метри се превртел откако испловил од пристаништето Мидија во близина на Констанца, најголемото пристаниште на Црното Море и едно од најголемите во Европа.. Пловел под знамето на островската држава Палау.

Сите членови на екипажот се спасени, а еден завршил во болница поради хипертермија. Поголемиот дел од екипажот е од Сирија.

Сѐ уште не се знае што ја предизвикало несреќата.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе