Шверцувале емигранти кон ЕУ

Во Црна Гора разбиена голема група шверцери на луѓе

Црногорската полиција соопшти дека разбила меѓународен синџир на шверцери на емигранти кои шверцувале бегалци преку Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кон земјите од Европската Унија.

„По повеќемесечната акција разбиена е организирана криминална група која дејствувала меѓународно во шверцувањето нелегални емигранти – баратели на азил од Албанија преку Црна Гора во БиХ кон земјите од ЕУ. Групата имала два организатори и 11 члена“, соопшти црногорската полиција.

Полицијата верува дека криминалната група од почетокот на годината прошверцувала повеќе групи емигранти кои имале од пет до десет лица.

Дејствувала така што го договарала нивното доаѓање од Албанија до границата со Црна Гора, каде нелегално влегувале во државата движејќи се по непристапен терен, потоа се пријавувале на надлежната управа на министерството за внатрешни работи на Црна Гора како азиланти.

„Не чекајќи да се решат нивните барања, емигрантите во организација на криминалната група патувале со такси возила и изнајмени автомобили до границата со Босна и Херцеговина која исто така нелегално ја минувале во намера да стигнат до земјите од ЕУ“, се наведува во соопштението.

Меѓу уапсените е и странски државјанин што престојувал во прифатилиште за странци во Црна Гора.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе