Во Црна Гора најавена иницијатива за повлекување на признавањето на Косово

Српскиот национален совет (СНС) на Црна Гора ќе поднесе иницијатива владата на Црна Гора да ја поништи одлуката за „признавањето на таканаречената независна држава Косово“ и граѓаните на референдум да се изјаснат за ова прашање, изјави претседателот на СНС Момчило Вуксановиќ.

Тој истакна дека партијата ова го прави поттикната од мнозинската волја на граѓаните на Црна Гора, која е потврдена и со неодамнешната изјава на црногорскиот премиер дека владата го изнудила признавањето на Косово спротивно на волјата на 85 отсто од населението на Црна Гора.

Вуксановиќ смета дека нема подобар доказ дека таа одлука е нелегитимна, незаснована врз волјата на населението, насилна и водена од поединечни и недржавнички интереси.

Тој вели дека фактот што одделни држави во светот го повлекуваат признавањето на Косово ја обврзува црногорската влада да биде дел од таа иницијатива.

Како уште една важна причина ја истакнува одлуката на косовскиот парламент да не ја прифати демаркацијата на границата, што, како што оцени Вуксановиќ, е сериозна закана за територијалниот интегритет на Црна Гора.

„Користејќи ги гарантираните, легитимни и демократски права од уставот, СНС ќе преземе кативности за распишување референдум по ова прашање. Стекнувањето историски, политички и легитимни причини претставува добра основа за повлекување на одлуката на црногорската влада за признавањето на таканаречената држава Косово“, кажа Вуксановиќ.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе