По седум години изградба

Во Чеченија отворена „најголемата џамија во Европа“ (ФОТО+ВИДЕО)

Властите на Чеченија вчера ја претставија новата џамија на помпезна церемонија на која присуствуваа локални и странски претставници.

Наречена по пророкот Мухамед, џамијата може да прими 30.000 луѓе, а чеченските власти ја опишаа како „најголема и најубава“ во Европа, пренесе Ројтерс.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров рече дека џамијата, која се наоѓа во градот Шали, е „со уникатен дизајн, фасцинантна по големина и убавина“.

Џамијата е обложена со бел грчки мермер однадвор и одвнатре, а украсена е со чисто злато. Големиот лустер во форма на лотос е украсен со Сваровски кристали, соопштено е за медиумите на отворањето.

Локалните власти исто така соопштија дека во дворот на џамијата може да собере дополнителни 70.000 верници.

Кадиров откако ја презеде власта во Чеченија, ја предводи исламската преродба во рускиот регион.

Во 2008 година, тој ја отвори џамијата „Срцето на Чеченија“, која може да собере 10.000 верници во главниот град Грозни, која била разорена во двете војни меѓу Москва и сепаратистите по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.

Групите за човекови права го критикуваат Кадиров за распорстрането кршење на правата во областа, што тој го негира.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе