Во Бугарија рекорд во ковид-бројките, најмалку вакцинирани во ЕУ

Бугарија денеска пријави рекорден број дневни смртни случаи и инфекции од коронавирусот, а четвртиот бран на болеста се заканува да го урне здравствениот систем во оваа најмалку вакцинирана членка на Европската Унија.

Фото: ЕПА

Бројот на новите инфекции во претходните 24 часа достигна 5.863, додека 243 лица починаа од последиците на ковид-19, покажуваат официјалните податоци, пренесува Ројтерс.

Соочена со растечките инфекции и бавната вакцинација, Бугарија со седум милиони жители и 23.316 починати од ковидот од почетокот на пандемијата, воведе задолжителни здравствени пропусници за повеќето затворени јавни простори.

Новите ограничувања предизвикаа протести, а некои политички партии ја обвинуваат привремената влада дека не успеала да се справи со пандемијата во пресрет на парламентарните избори од 14 ноември.

Здравствените власти предупредуваат дека неуспехот да се забави новиот бран на болеста би можел да предизвика построги ограничувања, зашто болниците се борат со сѐ поголемиот број пациенти со ковид-19.

Според денешните податоци, повеќе од 7.100 лица се наоѓаат во ковид-одделенијата на болниците, од кои 608 се на интензивна нега, а повеќе од 90 отсто пациенти не се вакцинирани.

Бројот на вакцинираните, кои ги има само 24 отсто кај возрасната популација, во однос   на 74 отсто што е просек во ЕУ, се зголеми од минатиот четврток, кога властите, меѓу другото, го ограничија пристапот во рестораните, кината и теретаните само за тие што се имунизирани, оздравени од вирусот или имаат негативен тест на ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе