Во Бугарија нема враќање во училиштата пред септември

Бугарските ученици нема да се вратат во училишните клупи бидејќи владата сака да ббиде крајно вниматена, иако земјата е меѓу најмалку настраданите во Европа од новиот коронавирус, изјави денес министерот за образование.

„Онлајн наставата продолжува сѐ до крајот на школската година“, изјави министерот Красимир Валчев на прес-конференција.

Наставата по електронски пат беше воведена веднаш на почетокот на изолацијата на средината на март. Наставата се пренесуваше и преку државната телевизија. Во сиромашните квартови во кои живеат Ромите на децата им се доставуваше училишен материјал во печатена форма.

Бугарија со 1.689 случаи на зараза со ковид-19 и 78 смртни случаи е меѓу најмалку настраданите европски земји во пандемијата.

Властите сепак истакнуваат дека дневниот број на новозаболени и понатаму е значителен, па и дури и расте по продолжениот велигденски викенд. Владата се труди да го спречи ризикот од преоптеретеност на јавниот здравствен систем кој е познат како слаб.

Во Бугарија во првата половина на јуни ќе се одржат испитите за студентите на завршните години од студиите и учениците од средните училишта со заштитни мерки: „Најмногу десет ученици во просторија, употреба на заштитни средства и дезинфициенси“, истакна министерот.

„Нема да се отвораат ни јаслите ни градинките бидејќи оценуваме дека не е оправдан ризокот од зараза на персоналот и семејствата“, кажа министерот. И универзитетите остануваат затворени.

Мерките на строг карантин кои Софија ги воведе на 13 март почнуваат да се ублажуваат од 6 мај со дозволување прошетки во парковите, отворање на баровите и рестораните и одобрување патувања надвор од земјата.

Но, границите сепак ќе бидат затворени, освен за Европејците кои доаѓаат од земјите каде вирусот слабо се шири и за бугарските државјани кои по враќањето во татковината мораат да минат две недели во карантин.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе