Од среда лицата со два негативни антиген теста по ред, шести и седми ден, можат да излезат од изолација.
Ова, тврди владата, ќе им овозможи на повеќе луѓе да го прослават Божиќ во кругот на семејството, без ризик од ширење на вирусот на други.
Обединетото Кралство, една од најпогодените земји во Европа со ковид-19, со 147.000 смртни случаи, моментално се соочува со голем број заразени со омикрон варијантата на вирусот САРС-КоВ-2.
Во средата имаше 106.122 новозаразени, што е околу 15.000 повеќе од претходниот ден и најмногу од почетокот на пандемијата.
Но, премиерот Борис Џонсон ја отфрли можноста за нови ограничувања во Англија пред Божиќ.
Британскиот министер за здравство Саџид Џавид во средата објави потпишување на два нови договори со фармацевтските компании Мерк и Фајзер, од кои Обединетото Кралство купува 1,75 милиони односно 2,5 милиони дополнителни таблети против вирусот ковид-19, имено за лековите молнупиравир и ПФ-07321332/ритонавир.
Антивирусните лекови делуваат така што ја намалуваат способноста на вирусот да се размножува, со што се спречува заболување.
Терапиите со таблети можат да се спроведуваат дома и се ново суштинско оружје во борбата против пандемијата.