Во Британија се забележани 30 случаи на згрутчување на крвта по вакцинирање со Астра зенека

Британскиот регулатор соопшти дека досега се идентификувани 30 случаи на згрутчување на крвта по администрација на 18 милиони дози на Астра зенека, 25 повеќе во однос на претходниот извештај, пренесе Ројтерс.

На 18 март, регулаторот извести за пет случаи на згрутчување на крв на 11 милиони употребени дози. Вчера е известено за 22 случаи на формирање тромб во мозокот и уште осум други случаи на згрутчување крв кај луѓе со многу мал број на тромбоцити на 18,1 милиони дози вакцина.

Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи соопшти дека не добила такви извештаи по употребата на вакцината Фајзер/Бајонтек.

Здравствените власти продолжуваат да веруваат дека придобивките од вакцината во превенцијата на заболување од коронавирус далеку го надминува можниот ризик од крвни згрутчувања.

Некои држави ја ограничија употребата на Астра зенека, додека други продолжија да ја користат.

Извештаите за ретка појава на коагулација на крвта сè уште се испитуваат.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе