Во Британија има сè помалку места за мртвите во болниците, се градат привремени мртовечници (ВИДЕО)

Британските власти морале во некои области да постават привремени мртовечници бидејќи во локалните болнички мртовечници снемало простор поради наглиот пораст на бројот на смртните случаи предизвикани од пандемијата на ковид-19.

EPA-EFE

Во Сари, јужно од Лондон, мртовечниците во болниците се исполнети, го достигнале максималниот капацитет и локалните власти почнале да користат привремена мртовечница, јавува Ројтерс.

„Сакаме да избегнеме починатите пациенти да остануваат на одделите или, како што видовме во странство, да се оставени во ходниците. Кога нашите мртовечници го достигнаа својот капацитет, ја контактиравме привремената мртовечница за да дојде по телата“, кажа портпаролот на агенцијата Сари резилиенс форум.

Привремената мртовечница во која има место за 845 тела, за првпат била отворена во април за време на првиот бран на пандемијата.

„Во текот на дванаесет дека од април до јуни имавме 700 тела. Во последните три недели имавме 330“, кажа портпаролот.

Слични објекти веќе се подготвуваат или поставуваат во Лондон и во Кент.

Во Британија досега се забележани над 80.000 смртни случаи и повеќе од 3 милиони случаи на инфекција со ковид-19. Премиерот Борис Џонсон во понеделникот кажа дека ова е опасен период за Националната здравствена служба, а директорите на болниците предупредија дека наскоро може да бидат преполнети.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе