Во Британија големи редови за гориво, владата ги повика граѓаните да се однесуваат нормално (ВИДЕО)

Министерот за сообраќај Грант Шапс ги повика Британците да се однесуваат нормално при купувањето бензин. Тој им порача дека има гориво и дека владата се вклучила за да го ублажи недостигот.

EPA-EFE

Во изминатите денови се создаваа долги редови на бензинските пумпи. Некои со часови чекале да наполнат гориво во автомобилите откако нафтените компании објавија дека недостигот од возачи на цистерни предизвикува транспортни тешкотии од рафинериите до бензинските пумпи, па некои пумпи го ограничија полнењето гориво, а други целосно затворија.

„Гориво има во изобилство, нема недостиг во земјата“, порача Шапс.

„Значи, најважно е всушност луѓето да продолжат да се однесуваат вообичаено и да ги полнат своите автомобили како што тоа инаку би го правеле, тогаш нема да има редови и нема да има недостиг на пумпите“.

Британската влада денес најави план за издавање привремени визи за 5.000 странски возачи на камиони.

Но, бизнис лидерите предупредија дека тоа е краткорочно решение кое нема да го реши актуелниот недостиг од работна сила, кој се заканува да предизвика пречки во испораката на гориво, но и на малопродажбата пред Божиќ.

Шапс паниката околу горивата ја нарече „произведена ситуација“ и за тоа ги обвини здруженијата на превозниците.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе