Во Белорусија забележани значителни маневри на руско вооружување

На проукраински белоруски канал на Телеграм, на кој се објавуваат разузнавачки информации, се наведува дека во Белорусија вчера се забележани „значителни маневри“ на тешко руско вооружување, пренесува Би-би-си.

EPA-EFE

Во објавата се наведува дека возови полни со руско вооружување и оклопни возила се видени на железничките станици во главниот град Минск, но и на повеќе станици на југоистокот на Белорусија.

На железничката станица во Речица на југоистокот на Белорусија се видени тенкови и камиони, но и противвоздушни ракетни системи и амфибиски оклопни возила.

На аеродромот Барановичи на западот на Белорусија е забележано полетување на шест руски борбени и транспортни авиони, а од аеродромот Мачулишчи во близина на Минск полетале повеќе руски хеликоптери.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и му помага од почетокот на војната во Украина. Русија ги повлече повеќе свои сили од северот на Украина и се фокусира на источниот регион Донбас и југот на Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе