Нема полициски час

Во Белград забрана за собирање на повеќе од 10 лица, но протестниот собир почна со стотина

Кризниот штаб за борба против коронавирусот донесе нови мерки со цел да го спречи ширењето во Србија.

Фото: ЕПА

По седницата на Кризниот штаб, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека секоја локална самоуправа ќе продолжи да презема посебни мерки и дека фокусот ќе биде на оние места каде што ситуацијата е вонредна и нестабилна.

„Разговаравме за тоа дали како кризен штаб треба да се вратиме во март и април, дали да се водиме за цела Србија или само за Белград“, рече Брнабиќ.

„Денес решававме само за градот Белград. Комплетна забрана за организирани јавни собири на повеќе од 10 лица во затворено или на отворено. Штом ќе се создадат условите, мерките ќе бидат повлечени“, изјави Брнабиќ.

„Секој угостителски објект ќе мора јасно да има истакнато колку луѓе можат да престојуваат во еден објект, растојанието помеѓу луѓето е четири квадратни метри, а ограничувањето на работното време е трета мерка. Од утре во иднина нема да се работи од 21 до 6 часот наутро. Ова се однесува на сите затворени објекти“, истакна премиерката.

За оние што се отворени, ова важи од 23 часот, додаде српската премиерка.

И покрај тоа, пред Собранието на Србија и отспротива, во Пионерскиот парк, почна собирот на граѓани, кои и денес преку социјалните мрежи беа повикани да протестираат.

Граѓаните беа информирани за денешниот протест дека ќе „протестираат со седење“ за да се разликуваат од оние што дошле за да предизвикаат насилство.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе