„Нема да ни го украдеш протестот“

Во Белград сè понапнато, нападнат Сергеј Трифуновиќ (ВИДЕО)

Група млади луѓе што дојдоа да протестираат пред Собранието на Србија, го нападнаа лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ.

Според Нова.рс, група демонстранти буквално го истуркале од протестот и тој бил принуден да си замине.

Тие истурале вода врз него и го мавале со лименки пиво. Трифуновиќ си заминал повреден.

„Дојдовме да протестираме, а Сергеј отиде во првите редови да работи лајв. Тогаш го нападнаа група 'фашистички го*на'“, рече Александар Радовановиќ, член на Движењето на слободни граѓани, и додаде дека најверојатно е удрен во главата, бидејќи му се гледала крв.

„Тој успеа да избега, не знаеме каде, но успеа да избега“, рече Радовановиќ.

Откако Сергеј замина, група демонстранти продолжија да го бркаат Радовановиќ и за малку ќе дојдеше до физички судир, но за среќа тоа не се случи.

Групата демонстранти извикуваа: „Марш дома, нема да ни го украдеш протестот“.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе