Во чест на ослободителите

Во Белград марш на „Бесмртниот полк“ со големо „Z“ за поддршка на Русија (ВИДЕО)

Во Белград денес, по повод Денот на победата над нацизмот во Втората светска војна, беше одржана манифестацијата „Бесмртниот полк“ со порака дека „Србија и Русија секогаш биле на вистинската страна на историјата“.

EPA-EFE

Учесниците по поворката од центарот на градот положија венци и цвеќиња на Гробиштата на ослободителите на Белград, а на комеморативната поворка учествуваа претставниците на српската влада Ненад Поповиќ и Александар Вулин и рускиот амбасадор Александат Боцан Харченко.

Министерот без ресор во владата на Србија Ненад Поповиќ истакна дека „ Србија и Русија секогаш биле на вистинската страна на историјата“ и порача дека денешните генерации имаат обврска „со сите политички средства да ги бранат двете најголеми вредности на Србија – слободата и независноста“.

На собирот, со повици „Ура“, „Да живее Русија“ и „Да живее Путин“, беше носена и картонска фигура на рускиот претседател, како и големо „Z“, симболот на руските сили во Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе