Во Белград е прогласена вонредна состојба

Денес во Белград е прогласена вонредна состојба заради влошената епидемиолошка состојба.

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вонредната состојба е прогласена на седницата на Градскиот кризен штаб.

Како што претходно за ТВ Прва објасни заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ се работи за стандардна постапка за да можат да се применат мерките што синоќа ги најави претседателот на Србија, кои се однесуваат на влошената епидемиолошка состојба во Белград.

Тој објасни дека мора да се исполнат одредени формални услови за да се спроведат мерките на републичкиот Кризен штаб, а првиот е да се организира седница на градскиот Штаб за вонредни состојби и да се прогласи вонредна состојба на територијата на градот Белград.

Весиќ за ТВ Прва прецизираше дека, според постапката, Владата на Србија потоа ќе донесе одлука да пропише одредени мерки на територијата на градот Белград, врз основа на одлуката на градскиот штаб за прогласување вонредна состојба.

„Кога станува збор за мерките, прва е дека е забранет влез во затворени простории без маска, каде ќе треба да се почитува растојанието од 1,5 метар, додека сите што користат јавен превоз ќе мора да носат маски, за што ќе бидат предвидени одредени санкции“, рече Весиќ, пренесе Прва РС.

„Покрај тоа, ќе биде забрането да се соберат повеќе од сто луѓе во затворен простор и повеќе од 500 на отворено. Работата на угостителите ќе биде ограничена и нема да работат помеѓу 23 часот и 6 часот наутро“, додаде тој.

„Одредена е мерка таа гранка на нашата индустрија да работи, но и да се заштитат луѓето, бидејќи заразата најмногу се раширила на забави во ноќни клубови. Овие мерки денес ќе бидат спроведени и ќе стапат во сила“, истакна Весиќ.

„Овие мерки ќе ги воведеме на две недели и сметаме дека ќе биде доволно за потоа да се вратиме во нормален живот. Во секој случај, доколку има нови мерки, граѓаните ќе бидат навреме известени“, рече заменик-градоначалникот.

Вучиќ синоќа како гостин на РТС рече дека над 82% од заразените со коронавирус се во Белград и дека затоа се неопходни нови мерки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе