Четврти ден

Во Белград демонстрациите почнаа со апсење, во Нови Сад се бараат оставки (ВИДЕО)

Доцна попладнево во Белград почна собирот на демонстранти, кои и покрај забраната за собирање на повеќе од 10 лица на јавни места, сепак излегоа на улиците, а четвртиот ден од протестот засега трае мирно.

Протестите поради незадоволството од начинот на кој државата се бори против епидемијата на коронавирусот продолжија денеска во неколку града низ Србија.

Еден од учесниците беше уапсен на самиот почеток на протестот во Белград пред српскиот парламент затоа што им дофрлаше на полицајците, по што полицајци со цивилна облека го одведоа во правец на Собранието, објави Блиц.

Полициските сили се распоредени зад Домот на националното собрание, а подготвена е и коњицата.

Причината за првиот протест во вторникот, 7 јули, во Белград беше најавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека може да се воведе полициски час во главниот град за време на викендот поради зголемувањето на бројот на луѓето заболени од коронавирусот.

Барањата на демонстрантите не се формализирани, бидејќи нема официјални организатори на протестите, додека дел од опозицијата ги презентираше своите барања до властите во Србија, барајќи отстранување на Кризниот штаб за борба против коронавирусот и воведување привремена влада.

 

Во Нови Сад бараат оставки

Група граѓани во Нови Сад се собраа на Плоштадот на слободата за да изразат незадоволство од сегашната состојба во земјата.

Протестниот митинг почна со минута молчење за сите оние што починаа од коронавирусот, а присутните побараа оставка од Кризниот штаб, министерот за здравство Златибор Лончар, полицискиот директор Владимир Ребиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Опозицискиот сојуз за Србија ги повика граѓаните на Србија да бидат вечерва заедно, како што велат, во отпорот кон безумието и во освојувањето на слободата.

Во изминатите 24 часа во Србија починаа 18 лица, 130 се на респиратор, а од 8.646 тестирани, 386 се новозаразени.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе