Во бејрутското пристаниште најдени уште 4 тони амониум нитрат

Либанската војска денес објави дека нашла уште 4 тони од експлозивниот амониум нитрат во близина на влезот на бејрутското пристаниште, каде минатиот месец се случи огромната експлозија, објави државната либанска новинаска агенција ННА.

EPA-EFE

Агенцијата го пренесува соопштението на војската во кое е наведено дека воените инженери на барање на пристанишната царина прегледале четири контејнери во близина на влезот број 9.

„Откриено е дека содржат 4 тони и 350 килограми амониум нитрат“, се наведува во соопштението.

Бејрут на 4 август го погоди огромна експлозија на таа хемикалија која се користи како вештачко ѓубре и како експлозив и кој без почитување на безбедносните прописи бил сместен во магацин на пристаништето. Во експлозијата загинаа 190 луѓе, најмалку 6.000 се повредени и уништен е голем дел од либанската престолнина.

Агенцијата Ројтерс пренесува дека либанските служби за спасување, кои ги прегледуваат урнатините, под нив откриле знаци на живот.

„Овие знаци на дишење и пулс, како и сензорот кој детектирал температура, покажуваат дека постои можност за живот под урнатините“, изјави спасувачот Еди Битар.

Тој тоа го кажа откако државната агенција објави дека екипа со кучиња открила движење под урната зграда во бејрутскиот кварт Гемајзе, еден од најпогодените од експлозијата, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе