Одговорната министерка Леонора Гевеслер рече дека на патиштата има премногу луѓе за кои не функционираат казните и дополнителното школување.
„На овие лица мора да им се одземе нивното оружје“, рече Гевеслер при претставувањето на предлог-законот.
Според предлог-законот, на возачите што ќе ја надминат дозволената брзина од 60 километри на час во населено место или 70 километри на час надвор од населено место, автомобилот ќе им биде одземен на самото место во траење од 15 дена.
Во тој период ќе треба да се провери дали се работи за возач што веќе бил казнуван за брзо возење.
Доколку се покаже дека возачот веќе направил драстично прекршување на брзината, автомобилот би можел да се продаде на аукција.
Ако се надмине брзината од 80 километри на час во населено место или 90 километри на час надвор, автомобилот веднаш би бил одземен и продаден.
Ова би се однесувало на оние возачи што се фатени со брзина од 220 километри на час на автопатот во Австрија, каде што максималната дозволена брзина е 130 километри на час.
„Со брзините за кои зборуваме, ниту еден возач веќе нема целосна контрола над својот автомобил“, рече таа.
Властите во Австрија годишно забележуваат од 400 до 450 случаи во кои би можел да се примени новиот закон.