Во Австрија откриена нова зандана на монструмот Фрицл?

Јозеф Фрицл, озлогласениот австриски силувач кој зачнал седум деца со сопствената ќерка, која 24 години ја држел во подрумска зандана – најверојатно имал уште еден таен подрум во својата гостилница.

Австриските медиуми јавија за најновото откритие кое било направено случајно, 8 години откако Фрицл беше осуден на доживотен затвор во психијатриска институција.

Како што јавува Остерајх во написот со наслов „Откриена нова зандана на Фрицл?“, до откритието дошло сосема случајно, кога градежни работници, при прегледувањето на угостителскиот објект кој Фрицл и неговата сопруга Розмари со години го воделе во малото туристичко место Унтерах ам Мондзе, сфатиле дека еден од ѕидовите на објектот е лажен.

Зад ѕидот нашле претсобје, од кое скали воделе повторно „никаде“, во уште еден ѕид. Хелмут Л., кој сега ја изнајмува гостилницата со простор за кампување, исто така потврдил дека „во куата насекаде има шуплини“.

Сегашниот сопственик на гостилницата нарачал мерење на објектот кога се утврдило дека гостилницата која Фрицл ја држел од 1972 до 1996 никогаш не добила градежна дозвола.

Фрицл ја држел гостилницата во Унтерах до 1996, кога со семејството се преселил во Амштетен, каде направил звучно изолирана зандана до која воделе осум врати. Во неа ја држел затворена својата ќерка Елизабет.

Фрицл својата ќерка ја силувал преку три илјади пати и ѝ направил вкупно седум деца, од кои едно умрело, а три биле заробени со неа сѐ до 2008, кога девојчето Керстин заврши во болница во кома. Елизабет тогаш конечно успеа да го пријави својот татко и да ја открие морничавата приказна на светот.

Бидејќи Елизабет првите четири деца, од кои едно умрело по раѓањето, ги родила во периодот од 1988 до 1996 се поставува логичното прашање – дали Фрицл ги држел заробени Елизабет и своите, односно нејзините деца токму во занданата под гостилницата во Унтерах?

Особено е неверојатно тоа што австриската полиција не ја истражила темелно гостилницата во 2008, кога беше откриена занданата во неговата куќа во Амштетен. Гостилницата претходно двапати изгорела, поради што Фрицл бил под истрага како можен пироман, но неговите монструозни злосторства ни тогаш не биле откриени.

82-годишниот Фрицл во моментов одлежува доживотна кажна за силување и убиство (на синот кој умрел по раѓањето), а годинава го смени презимето во Мајрхоф за другите затвореници да не знаат кој е.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе