Во Европа, обврската да се носи маската ФФП2, која блокира 94 проценти од аеросолите, фините честички (околу 0,6 микрометри), сè уште не е распространета.
Маските ФФП2 жителите на Австрија мора да ги носат во автобуси, трамваи, возови и во подземната железница, во супермаркетите, сите здравствени установи и услужни дејности, на пример во автомеханичарска работилница.
Наставниците, магационерите и вработените во јавните служби исто така мора да ги почитуваат овие мерки.
Бремените жени и лицата со медицински контраиндикации, како и сите лица кои се согласуваат да бидат подложени на редовно тестирање за вирусот, се изземени од оваа обврска.
И покрај третото затворање што Австрија го воведе по Божиќ и го продолжи засега до 8 февруари, бројот на новоинфицирани значително не се намали во земјата со 8,9 милиони жители.
Секој ден се заразуваат околу 130 лица на 100.000 жители, а владата постави цел бројката да не надминува 50.
Училиштата, музеите, спортските сали и кината како и продавниците кои не се прехранбени и не продаваат нужни работи се затворени, а жителите се повикуваат што е можно повеќе да ги ограничат контактите.