Ковид-19

Во Австралија првпат над 1.000 новозаразени со коронавирусот

Австралија денеска регистрираше повеќе од 1.000 луѓе заразени со коронавирусот, за прв пат од почетокот на епидемијата, поради ширењето на делта-сојот на тој вирус.

Фото: ЕПА

Нов Јужен Велс, австралиската држава во која се наоѓа Сиднеј, забележа рекордни 1.039 случаи на инфекција во последните 24 часа.

Повеќе од 15.000 луѓе се заразени во Сиднеј од средината на јуни, а инфекцијата се прошири во помалите градови, поради што мерките против коронавирусот се вратени.

Во Мелбурн, кој се наоѓа во државата Викторија, денеска се регистрирани 80 заразени лица.

Околу 25 милиони Австралијци во моментов се во карантин, а граѓаните на Сиднеј повеќе од два месеци ги немаат напуштено своите домови.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе