Во Австралија падна град со големина на топчиња за голф (ФОТО+ВИДЕО)

Снежно невреме проследено со град погоди деновиве делови од Австралија, вклучувајќи и многу области погодени од пожарите.

Австралиската метеоролошка агенција вчера објави предупредување за „силни невремиња“ проследени со ветришта, град и силни дождови за големи делови од Нов Јужен Велс, јужен Квинсленд и многу области од државата Викторија.

Австралиската престолнина Канбера исто така вчера се најде на удар на силни ветришта и град, големи парчиња мраз што 15 минути го пустошеа градот.

Дожд падна минатата недела во три сојузни држави погодени од пожарите, носејќи им одредено олеснување на пожарникарите кои од септември се борат со пожарите во Австралија.

Во Квинсленд за време на викендот многу патишта беа затворени поради поплавите.

Град со големина на тениски топчиња го погоди во неделата вечерта Мелбурн, уништувајќи автомобили и имот, со над 1.500 повици за помош упатени до интервентните служби.

На социјалните мрежи се објавуваат снимки и фотографии од силна песочна бура која во неделата вечерта го погоди Нов Јужен Велс, достигнувајќи брзина од 100 км/ч во градот Дабо.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе