Во Австралија горат десетици пожари, Сиднеј не се гледа од чадот (ВИДЕО)

Силни ветришта разгореа десетици пожари кои пустошат низ австралискиот источен брег, а густ чад го обви Сиднеј, каде беа издадени предупредувања за опасноста по здравјето на жителите на најбројниот австралиски град.

Пожарите уништија околу милион хектари земјоделски површини и шума во последните неколку недели, засилени од екстремно сушните услови по тригодишната суша за која експертите тврдат дека е засилена од климатските промени.

Ветриштата им одат од рака на пожарите кои ги има околу 60 низ австралиската држава Нов Јужен Велс, а властите тврдат дека чадот кој го обвива Сиднеј во некои делови од градот за 10 пати го надминува нивото опасно по здравјето.

Локалното министерство за здравје ги предупреди граѓаните да не излегуваат надвор доколку е возможно, додека локалните пожарникарски служби предупредија дека чадот поради силниот ветер ќе се задржи во текот на целиот ден.

Пожарите во австралиската пустелија се чести и опасни по животот во тој дел од земјата, а нивното рано избивање годинава веќе зема четири животи и уништи повеќе од 300 домови изминатиот викенд. Пожарникарите вложуваат големи напори за да ја зајакнат линијата на одбраната, со температури кои низ целата земја ќе растат во текот на денот.

„Повеќе од 1.300 пожарникари се ангажирани на овие пожари и се трудат да ги стават под контрола и покрај прогнозите кои најавуваат посушно, потопло и поветровито време“, соопшти пожарникарската служба.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе