Во пакети со ликот на Гаврило Принцип

Во Атлантикот запленети 800 килограми кокаин, уапсени и Срби (ФОТО)

Во близина на Азорските Острови во Атлантскиот Океан запленети се 800 килограми кокаин во вредност од околу 50 милиони евра и разоткриена е криминална група, составена главно од српски државјани, која се бавела со шверц на наркотикот од Јужна Америка во Европа, соопшти директорот на српската полиција Владимир Ребиќ.

Во акцијата која српската полиција ја спровела во соработка со полицијата на Шпанија и Британија, уапсени се тројца челнови на екипажот на едрилицата, државјани на Србија, Мексико и Русија.

Шпанската полиција врз основа на оперативни податоци од Србија ја запленила дрогата и ги уапсила Србинот В.Ф. (44), Мексиканецот Е.А.А.Ц. (24) и државјанинот на Русија С.Р. (48).

Полицијата истовремено во Србија извршила претрес на четири локации и ги уапсила М.Д.Ј. (66) и Д.Ѓ. (39), осомничени дека како членови на криминалната група им давале логистичка поддршка на тројцата уапсени на бродот.

Припадниците на криминалната група се товарат дека, во повеќе наврати, патувале во земји на Јужна Америка каде вршеле подготовки за преземање и шверц на кокаин.

Се сомнева дека за потребите на транспортот на кокаинот ја купиле едрилицата на која во Мексико ги извршиле потребните преправки во конструкциските шуплини на бродот.

Покрај кокаинот во конструкцијата запленета е и разна компјутерска опрема, повеќе мобилни телефони и обилна документација, а на четирите локации во Србија полицијата запленила документација за исплатите и трансферите на пари на осомничените, како авионски билети, тефтери, мемориски картички, УСБ стикови, мобилни телефони, како и опрема за неовластено аудио и видео снимање.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе