Во Атина избија големи немири поради снимка на полициско насилство (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во неделата во предградие на Атина избувнаа судири меѓу полицијата и граѓаните по бруталната интервенција на полициските службеници кои проверувале дали граѓаните ги почитуваат епидемиолошките мерки, што предизвика бран незадоволство во земјата.

Screenshot

Полицијата употребила солзавец за да растера речиси 500 луѓе кои во неделата попладне се собрале на плоштадот Неа Смирни, во јужното предградие на грчката престолнина, во знак на протест против инцидентот што се случил порано во неделата.

На снимките од попладневните часови на истото место се гледа како полицаец со палка безмилосно тепа млад човек.

На снимката се слуша како младиот човек извикува од болка додека минувачите се згрозуваат од постапките на полицијата.

Полицијата соопшти дека испратила патрола на моторцикли на плоштадот Неа Смирни попладнето за да „проверат дали се почитуваат мерките“ за сузбивање на коронавирусот, додавајќи дека добиле голем број пријави за непочитување на рестриктивните мерки на тоа место.

Полицијата додаде дека во тоа време била нападната од околу 30 лица, при што биле повредени двајца полицајци. Уапсени се единаесет лица.

Полицијата исто така соопшти дека спроведува внатрешна истрага за нивниот полицаец кој е снимен како удира млад човек.

Грчките власти пријавија 1.142 нови случаи на коронавирус и 53 смртни случаи во неделата, со што бројот на починати достигна 6.758 од почетокот на пандемијата.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе