Во Аргентина, бројот на потврдени случаи на коронавирус надмина 10 илјади

Во Аргентина, бројот на потврдени случаи на коронавирус надмина 10.000, со најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата со 718 новозаразени, претежно во главниот град Буенос Аирес, според податоците на владата.

Фото: ЕПА

Со новите 718 случаи во петокот бројот на заразени во Аргентина се искачи на 10.649, додека бројот на починати е 433.

Стапката на дневно потврдени инфекции непрекинато расте во текот на изминатата недела, иако ситуацијата во Аргентина е сè уште значително подобра отколку во соседниот Бразил, кој има највисока стапка на зараза на континентот и во петокот по бројот на случаи се искачи на второ место во светот, зад САД.

Аргентина е во „карантин“ во повеќето делови на земјата од 20 март, што владата го продолжи до 24 мај за некои делови, истовремено ублажувајќи ги ограничувањата за движење и работење.

Но, во таа земја сè уште важат едни од најстрогите забрани за патувања во светот, со блокирана продажба на авиолетови се до септември оваа година.

Градот Буенос Аирес, кој има најголема концентрација на случаи во земјата, останува под најстроги ограничувања, иако луѓето почнаа сè повеќе да се осмелуваат со отворањето на некои деловни сектори.

„Преземените мерки на почетокот беа добри, но заради поголема флексибилност многу повеќе луѓе почнаа да излегуваат и денес стигнуваме до она што не го сакавме, врв на заразата“, рече жител на Буенос Аирес, Алан Годој, носејќи маска пред метро станицата.

Тој додаде дека „за жал во земјата во која недостасуваат средства и луѓето мораат да одат на работа, тоа е реалноста“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе